Модриќ застана во одбрана на критикуваниот Мбапе


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Килијан Мбапе е под удар на шпанската јавност и навивачите на Реал поради лошата игра и промашениот пенал во поразот од Ливерпул (2:0) во петтото коло на Лигата на шампионите.

Актуелниот освојувач на титулата сега, три кола пред крајот, е во многу тешка ситуација. Во моментов е на 24-тото место, последното што води во бараж за нокаут рундите. Навивачите на Реал и шпанските новинари се уверени дека сѐ би било поинаку ако Мбапе малку подобро го изведеше казнениот удар при водството на Ливерпул и ако не беше толку незаинтересиран.

Мбапе во 18 натпревари за Реал постигна девет голови и направил две асистенции, но навивачите и јавноста не се задоволни со неговите игри, особено на големите натпревари. Незадоволството по поразот во Ливерпул се претвори во кампања против Мбапе.

Но, капитенот на Реал застана во одбрана на својот соиграч: „Некогаш оди, некогаш не. Вечерва му беше така со пеналот. Но, верувам во Килијан и сигурен сум дека ќе направи тоа што се очекува од него во Реал. Го знам добро колку може Мбапе. Го гледам секој ден како добро тренира и полн сум со доверба“, кажа Мбапе.