Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Голот и асистенцијата го направија Мохамед Салах херој во последното коло од Премиер лигата во кое Ливерпул го совлада Манчестер Сити со 2:0 и така дополнително го зацврсти лидерското место.
Ѕвездата на „Енфилд“ игра како во „најдобрите денови“, но во однос на неговиот нов договор со клубот нема напредок.
Напаѓачот за еден месец ќе има полно право да преговара со нови клубови, бидејќи тогаш влегува во последните шест месеци од договорот.
Египќанецот се ближи до седмата година на „Енфилд“, но извори велат дека е прилично лут што клубот не презел никакви чекори за продолжување на договорот. Во неговото опкружување таквиот потег на Ливерпул го сметаат за непочитување, бидејќи играчот очекувал финансиска и временска понуда.
Доколку Ливерпул навистина нема намера да го продолжи договорот со Салах, сите шанси се дека Пари Сен Жермен ќе биде прв во редот за него и се подготвува за сензационална понуда.
.