Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Денес ексклузивна информација објави доверливиот Дејвид Орнстајн, кој тврди дека најреалната дестинација за Симонс е Ливерпул, доколку ПСЖ одлучи да го продаде, што е многу веројатно.
Чави Симонс никогаш не доби вистинска шанса во Париз, па дури ни кога дојде Луис Енрике, поради што инсистираше на продолжување на позајмицата во Лајпциг.
Сепак, тој сега сака нов предизвик, да игра на најголемата сцена, бидејќи оваа сезона покажа дека Лајпциг не е дел од неа.
Германскиот клуб нема победа на четири последователни натпревари во Бундеслигата, нема ниту еден освоен бод во Лигата на шампионите, па е јасно дека таква средина не е веќе за Симонс.
Орнстајн тврди дека Ливерпул внимателно ја следи ситуацијата и ќе сака да го купи од ПСЖ следното лето.
Симонс може да игра на неколку позиции во средината и во нападот и најдобрите години сè уште му претстојат.
Тој има само 21 година, но веќе неколку сезони е на големата сцена, така што поседува веќе огромно искуство и карактер да го облече дресот на Ливерпул.
„Трансфермаркт“ го проценува Симонс на 80 милиони евра и е тешко да ПСЖ се согласи да го продаде за пониска цена.