Фенербахче го „откачи“ џинот Марјановиќ


Барса на тежок испит, дерби и во Англија! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Бобан Марјановиќ повеќе не е член на Фенербахче, потврди клубот од Истанбул.

Поранешниот играч на НБА минатото лето потпиша едногодишен договор со турскиот клуб, но имаше можност да го прекине пред јануари.

Фенербахче пред неколку дена го објави продолжувањето на договорот со Кем Бирч до крајот на сезоната, со што веднаш се отвори прашањето за иднината на Марјановиќ.

Триесет и шестгодишниот српски кошаркар има одиграно шест натпревари во Евролигата, со просечен учинок од 4 поени и 3.5 скокови за 10 минути на теренот.