Нуњез блескаше кај Ливерпул – со два погодоци го „нокаутира“ Брентфорд


Викендов најинтересно во Серија А и на СП во ракомет ↓↓↓


На гостувањето кај Брентфорд, Ливерпул оствари тешка, но важна победа од 2-0 во 21. коло од Премиерлигата на Англија. Дарвин Нуњез беше клучниот играч за „црвените“, постигнувајќи ги двата решавачки гола и освојувајќи три значајни поени за тимот.

Брентфорд се истакна како тврд противник, давајќи се од себе да му парира на водечкиот на табелата во поголемиот дел од натпреварот. Домаќините создадоа неколку шанси кои ветуваа, посебно во второто полувреме, но не успеаја да ги реалзираат.

Отпорот на Брентфорд беше совладан во судиското продолжение, кога Нуњез ја покажа својата форма како голгетер и му ја осигура победата на тимот кој го води Арне Слот.