Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Станислас Вавринка повторно со пофалби зборуваше за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Во разговор за подкастот “Nothing Major”, Вавринка рече дека Новак Ѓоковиќ му беше најтежок противник од играчите на „големата четворка“.
„Да, сите тие се доста тешки за играње. Сите ние го поминавме тоа, но мислам дека Рафа на земјата во Ролан Гарос беше најтежок. Особено е тешко кога топките доаѓаат високо на бекхенд и тоа без прекин. Имате чувство дека со секоја топка се доближува кон вас. Не гледате никаква опција како да погодите победнички удар, како да го извадите од теренот. Зависи како ќе го сфатите мојот одговор, бидејќи мислам дека повеќе од 20 пати загубив од Новак, но беше оној против кого бев среќен што играв. Иако загубив во финалето на АТП турнирот во Лондон во 2014 година со 6:0, 6:3, уживав во играта против него. Тој ја удира топката со толку чиста техника. Имате чувство како да ве уништува, но сепак сте среќни бидејќи сте играле против совршен тенисер“, рече Вавринка.