Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓
Министерот за спорт, Борко Ристовски, соопшти на неговиот Фејсбук профил дека ракометарите на Македонија биле примени од страна на Владата на Република Македонија.
Тој додаде дека обврската од два милиони денари, која претходно беше дадена, сега се зголемува на три милиони денари.
„Денеска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, во Владата организиравме прием за нашите херои – машката ракометна репрезентација на Македонија!
Ракометот е спортот кој го држи првото место во Македонија, а ракометарите се наша голема гордост!
Нивната посветеност и борбеност на Светското првенство во јануари беше призната со овој гест.
Ветените 2 милиони денари ги зголемивме за дополнителни 1 милион денари. Сега, ракометарите ќе добијат вкупно 3 милиони денари! Им пожелуваме многу среќа и успех на утрешниот натпревар против Словенија во квалификациите за ЕП 2026! Веруваме во вас!“, се наведува во објавата на Ристовски.