Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Постои можност Ненад Димитријевиќ да замине од Олимпија, објавија некои извори, а руските медиуми известуваат за потенцијалниот клуб каде би можел да премине.
Според рускиот портал „Спорт Бизнис Онлајн“, Уникс, кој е негов поранешен клуб, активно се обидел да оствари контакт со македонскиот репрезентативец.
Во периодот од 2022 до 2024 година, македонскиот плејмејкер беше дел од Уникс и во сезоната 2022/2023 го освоија шампионскиот трофеј во ВТБ лигата.
Во тековната сезона, тој одигра 25 натпревари во Евролигата, со просечни достигнувања од 7.9 поени, 1.6 скока и три асистенции по натпревар.