Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Фудбалерите на Тигрес го победија Монтереј со резултат 2:1 во дербито на 15-то коло од мексиканското првенство.
Стрелци беа Франциско Кордова и Николас Ибањес, на голема радост на навивачите на Тигрес, за прославата против големиот градски ривал.
Голот за гостите, во 51. минута од пенал, го постигна славниот Шпанец Серхио Рамос, по невообичаена игра и провокација од голманот на противничкиот тим, Аргентинецот Науел Гузман.
Голманот на домашните непосредно пред да даде сигнал судијата за Рамос да изведе удар, му сврти грб на топката и остана во таа позиција додека Шпанецот не доби „зелено светло“ за изведување на шутот.
JAJA, el SHOW del Patón Guzmán a Sergio Ramos. 😅🇲🇽 pic.twitter.com/LZm6quRfJn
— Ataque Futbolero (@AtaqueFutbolero) April 13, 2025
Фото: Принтскрин
.