Милан донесе одлука за иднината на Консеисао

Фото: AC Milan/FB

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Сержо Консеисао ќе биде тренер на Милан до крајот на сезоната, а потоа италијанскиот гигант ќе се обиде да доведе долгорочно решение, пренесува добро информираниот инсајдер Фабрицио Романо.

Португалскиот стручен кадар на 30 декември ја зазеде жешката клупа на Милан заменувајќи го сонародникот Пауло Фонсека и по само два натпревари му донесе на “росонерите” трофејот од Суперкупот на Италија во Саудиска Арабија.

Во тоа време изгледаше дека Консеисао и Милан се идеална комбинација, дека тој ќе ја раздрма екипата, но во Серија А тимот продолжи да нанижува многу лоши резултати.

Потоа следеше и шокантната елиминација од Феенорд во шеснаесетфиналето од Лигата на шампионите, во домашниот шампионат ништо не се промени, а по синоќешниот пораз на домашен терен од Аталанта (0:1), Милан е само деветти на табелата со 51 бод на пет кола пред крајот.

Консеисао во среда вечерта има шанса да ја воведе екипата во финалето на Купот на Италија, бидејќи Милан ќе „гостува“ на Интер по 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето. И така, дури и ако го елиминира Интер и подоцна му донесе втор трофеј на клубот во сезоната, неговиот статус нема да се промени.

Се знае кои се приоритетите на седумкратниот првак на Европа и неуспесите во Серија А и Лигата на шампионите не се простуваат.

Сè уште нема нацрти кој би можел да биде новиот тренер на Милан, јасно е дека ќе се „лови“ некое големо име, Карло Анчелоти можеби од лето ќе биде без работа, па останува да се види…

Фото: AC Milan/FB