Фудбалер на Реал направи грешка и гледаше како Барселона дава гол (Видео)


Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, речиси само стоеше на теренот во моментите кога Барселона го организираше нападот за гол.

Барселона по фантастичен натпревар го победи Реал Мадрид после продолженијата со резултат 3:2.

Водечкиот гол за Каталонците го постигна Педри во 28. минута, по грешка на Белингам и реакција за која секако се зборува.

Англичанецот згреши при додавањето кон Винисијус, кој трчаше зад одбраната на Барселона, а потоа се фати за главата.

Наместо веднаш да се упати кон Педри кому му стигна топката, Белингам само стоеше неколку секунди, а кога младиот Шпанец упати долг пас и самиот тргна напред, Англичанецот полека шеташе кон сопствениот гол.

Фото: Принтскрин