Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Наполи ќе влезе во завршните борби за Скудето без нивниот стопер Алесандро Бонџорно, кој во победата против Торино (2:0) пред два дена доживеа повреда и ја заврши сезоната.
Бонџорно ја напушти теренот во 64. минута, веднаш се виде дека не е добро, а првите анализи покажаа повреда на бутниот мускул која бара рехабилитационен процес.
Како што пренесува Џанлука Ди Марцио од “Скај Спорт Италија”, повредата е сериозна и Бонџорно повеќе нема да игра оваа сезона.
Фото: Принтскрин