Дали е Барселона оштетена при голот на Интер во 93. минута? (Видео)


Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер ја победија Барселона со 4:3 по продолженијата и се пласираа во финалето на Лигата на шампионите.

Ова беше една од најинтересните натпревари во историјата на Лигата на шампионите, но останува под прашалник дали Барселона беше оштетена.

Интер во реваншот водеше 2:0, но Барселона направи пресврт на 3:2, за во длабокото продолжение Ачерби да донесе израмнување и продолженија, во кои Интер триумфираше.

Тој гол е спорен, односно моментот кој му претходеше на асистенцијата. Се случи дуел помеѓу Жерар Мартин и Дензел Дамфрис, по кој играчот на Интер ја освои топката и ја испрати на пет метри од каде Фраческо Ачерби најдобро се снајде.

Фото: Принтскрин