Закажани се лекарски прегледи, го напушта Леверкузен и потпишува за светски гигант


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Германскиот дефанзивец Јонатан Тах зимава постигна договор со Барселона, но одлучи летово да потпише за сосема друг клуб.

Тах неодамна објави дека на крајот од оваа сезона го напушта Бајер Леверкузен и дека нема да го продолжи договорот и покрај тоа што Апотекарите направија сè што можеа за да го задржат.

На крајот, германскиот дефанзивец порача дека едноставно сака нов предизвик во кариерата и се чинеше дека ќе ја напушти Германија и ќе се проба во некоја друга лига.

Веќе со месеци Тах најмногу се поврзуваше со Барселона, и зимава се појавија информации дека тој со Каталонците веќе сè договорил и тоа откако Ханси Флик успеа да го убеди да дојде во Шпанија.

Иако се очекуваше дека Тах ќе потпише за Барселона, дојде до голем пресврт бидејќи се предомисли. Тах им порачал на Каталонците дека нема да дојде затоа што добил подобра понуда која во овој момент му е попривлечна.

Овој дефанзивец наместо во Барселона, ќе замине кон Минхен бидејќи со Бајерн има договорено повеќегодишен договор, кој во наредните денови ќе биде официјализиран.

Фото: Принтскрин