Алонсо зад грбот на Модриќ договарал трансфер на 20-годишен фудбалер!?


Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓


Чаби Алонсо (43) ќе стане нов тренер на Реал Мадрид, а поранешниот играч од средниот ред на „Кралевите“ е подготвен да врати сјајот на клубот со одредени засилувања веќе во следната сезона.

Реал имаше очајна сезона, што сите сакаат што поскоро да ја заборават, особено сега кога стана познато дека Лука Модриќ заминува. Хрватот вчера ја одигра последната средба во Мадрид, а сега сите се прашуваат кој ќе ја наследи легендата во средниот ред.

Како што известуваат шпанските весници „Марка“, Алонсо побарал од шефовите, пред сè Флорентино Перез, нова ѕвезда во средината на теренот и наводно одбрал играч од Бундеслигата, која ја познава многу добро бидејќи последните сезони работел во Леверкузен, со кој беше првак на Германија.

Хуго Ларсон има само 20 години и младиот Швеѓанец е веќе некое време на листата на Реал. Наводно скаутите на Реал веќе го следеле на неколку средби кои ги одигра за својот Ајнтрахт од Франкфурт.

Наводно Алонсо го гледа Ларсон како совршен наследник на клупската икона Лука Модриќ. Играчот на Франкфурт сè уште има договор до 2029 година – и нема откупна клаузула. Неговата пазарна вредност изнесува 40 милиони евра, па Мадриѓаните ќе треба да платат многу ако го сакаат овој фудбалер.

Фото: Grok AI