Нова понуда од Минхен за Леао – 75.000.000 и фудбалер!


Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Шансите дека Рафаел Леао (25) ова лето ќе се пресели во Баерн се намалуваат, тоа е фактичка состојба, сепак, Баварците не се целосно откажани од португалскиот крилен напаѓач. Според информациите на Футмеркато, клубот од Минхен подготвува нова понуда што ќе биде испратена на адресата на Милан следната недела.

Да потсетиме, вчера се појави вест дека Макс Еберл се откажал од Леао, односно дека целосно се насочил кон помладиот и поевтиниот Нико Вилијамс (22); дури беше наведено дека португалската ѕвезда се налутила на луѓето од германскиот шампион, бидејќи лесно се откажале; сепак, изгледа дека контактите не се прекинати.

Првата понуда изнесуваше само 60.000.000 евра и беше глатко отфрлена од страна на Милан. А со втората Еберл ќе се обиде да убие две муви со еден удар – да купи замена за Лирој Сане и да го смести Кингсли Коман.

Футмеркато пишува дека Росонерите посериозно ќе ја разгледаат понудата од 75.000.000 евра и францускиот офанзивец во пакет.

Фото: Принтскрин