Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Вицешампионот на Саудиска Арабија Ал Хилал се обиде финансиски да го приведе Наполи со силна понуда за најдобриот фудбалер на Серија А Скот Мектоминеј, но новиот шампион на Италија решително стави до знаење на заинтересираната страна дека Скот не е на продажба.
Оваа информација ја пренесоа медиумите на Апенинскиот Полуостров, истакнувајќи дека не сакаа да го пуштат Мектоминеј за никакви пари, имајќи предвид дека поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед е вистински бисер.
Малкумина можеа да претпостават дека фудбалер чија дефанзивна карактеристика преовладува, ќе одигра таква голгетерска сезона на стадионот “Диего Армандо Марадона” и ќе го остави сегашниот тренер на Ал Хилал Симоне Инзаги во солзи.
И токму Мектоминеј, со голот против Каљари, ги отвори шампионските врати на Наполи, истовремено правејќи вовед за неславното збогување на Инзаги на “Џузепе Меаца”.
Интер, по загубата на Скудето, доживеа и дебакл во Лигата на шампионите, па нема сомнение дека Инзаги се обиде од далечна Саудиска Арабија да ги купи емоциите со пари и да се одмазди на Наполи за русокосиот момче.
Наполи кажа НЕ и покажа дека парите сѐ уште не се неприкосновена вредност во фудбалот.
Фото: Принтскрин