ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Во последниве десетина дена многу се шпекулираше дека Александер Исак е голема желба на Ливерпул и дека на Енфилд прават се што можат за да го доведат Швеѓанецот. Сепак, се покажа дека тоа е моментално невозможна мисија, но Црвените експресно пронајдоа напаѓач кој би дал се за да потпише за нив.
Шведскиот напаѓач го сврте вниманието кон себе со своите одлични игри во дресот на Newcastle каде што настапува веќе три сезони, а најголем интерес покажа Ливерпул кој се обиде да го доведе.
Црвените во минатите недели се обидуваа да преговараат со Newcastle околу Исак, но англиските медиуми истакнаа дека се откажале откако сфатија дека на St. James Park немаат намера да ја спуштат цената за него.
Newcastle за овој 25-годишник бара најмалку 100 милиони евра, што Ливерпул моментално не сака да го плати, и затоа на Енфилд одлучија да побараат други решенија.
Потрагата не траеше долго бидејќи Ливерпул веќе пронајде напаѓач кој покажа голема желба да ја продолжи кариерата во дресот на англискиот клуб и е подготвен да направи се за да се реализира трансферот.
Станува збор за францускиот напаѓач Хуги Екитике кој минатата сезона ја одигра во Ајнтрахт Франкфурт и беше прилично забележан.
Фото: Принтскрин