Македонски судија беше нападнат на Европско првенство по бокс во Србија


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тежок инцидент се случи за време на финалниот натпревар на Европското младинско првенство во бокс кое се одржа во Златибор, српскиот туристички центар. Македонскиот судија во бокс, Стефан Цубалевски, беше физички нападнат од тренерот на репрезентацијата на Азербејџан, што предизвика осуда и бурни реакции кај јавноста.

Инцидентот се случи за време на финалниот натпревар во категоријата до 75 килограми, каде што се натпреваруваа Јусуф Агакишијев од Азербејџан и Виктор Мајсторовиќ од Србија.

Во текот на мечот имаше неколку спорни моменти, што го поттикна тренерот на азербејџанскиот боксер најпрво да реагира со вербални навреди кон судијата Цубалевски, а потоа агресивно да влезе во рингот, каде што го фати за вратот и почна да го удира.

Фото: Принтскрин