Рустемовски со нокаут го реши Зенели и избори полуфинале во Таранто (Видео)


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во Таранто, откако со убедлива победа над Ариол Зенели од Албанија обезбеди место во полуфиналето.

Рустемовски уште од самиот почеток на борбата покажа дека е подготвен за нов голем резултат. Со прецизни и силни удари успеа да го стави противникот во проблеми, по што мечот беше прекинат со технички нокаут.