Кога продажбата на дресови ќе се зголеми за 700%, а си еден од најголемите клубови во светот


ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Ливерпул соопшти дека продажбата на новите дресови кои ги произведува Adidas е повеќе за 700 проценти во споредба со минатата година кога Nike ги пушти своите.

Ливерпул потпиша десетгодишно партнерство со германскиот бренд што вреди 60.000.000 евра по сезона. Неодамна ги промовираа новите дресови кои ги воодушевија навивачите, играчите кои пристигнаа добија броеви, па така доминира продажбата на „седмицата“ на Флоријан Вирц.

Веднаш зад него е дресот кој клубот специјално го направи за почит на Диого Жота со број „20“. Навивачите купуваат знаејќи дека клубот објави дека сета добивка од продажбата на дресовите со неговото презиме ќе оди во клупската фондација која ќе го носи името „Диого Жота“.

Фанови од над 150 земји нарачуваа дресови, што досега е незапаметено во историјата на клубот.

Фото: Принтскрин