Швјонтек нападна новинар на УС Опен (Видео)


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Полската тенисерка Ига Швјонтек имаше расправа со новинар на УС Опен.

Швјонтек беше елиминирана во четвртфиналето од Аманда Анисимова со 6:4, 6:3, но инсистираше дека не е преморена.

“Не знам, не ми се чини дека претходните мечеви тука беа исцрпувачки”, изјави Ига.

Новинарот потоа ја праша Ига дали ѝ е потребен ментален одмор.

“Зошто го кажавте тоа?”, запраша Ига и доби контра-прашање дали смета дека има многу натпревари по ред и дали се радува на паузата.

“Тогаш разговарајте со луѓето кои тука го прават распоредот. Дали вам ви е потребен ментален одмор? Изгледате како да ви треба ментален одмор”, рече Ига.

“Да, изгледа”, одговори новинарот.

“Па што тогаш работите тука?”, инсистираше Ига.

Фото: Принтскрин