Паника во Арсенал: Мадуеке се повреди!?


Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони! ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал освоија бод во вчерашниот натпревар против Манчестер Сити во продолжението на времето кога Габриел Мартинели искористи фантастична асистенција од Еберечи Езе.

Дербиот во кој Арсенал на поголемиот дел од мечот, иако значително поофанзивен, беше во заостанок, може да биде кобен за ростерот на Микел Артета. Затоа што, се насетува дека најагилниот во првото полувреме од натпреварот Нони Мадуеке ќе го пропушти поголемиот дел од сезоната!

Мадуеке му го препушти местото на Букајо Сака помеѓу двете полувремиња затоа што почувствува непријатност во коленото што доведе до тоа денес да биде закажано снимање од страв од повреда на предните вкрстени лигаменти.

Нема прецизни информации уште и можеби ќе владее изразот: “Многу врева за ништо”. Тоа би биле одлични вести за Арсенал, но ако е спротивното, ќе биде голем проблем.