ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез е новиот Мото ГП светски шампион. Со второто место на Големата награда во Јапонија, 32-годишникот стигна до деветтата титула и се изедначи со познатиот Валентино Роси.
Марк Маркез по шест години повторно е Moto GP шампион. На патеката Твин Ринг Мотеги во Јапонија, Шпанецот го зазеде второто место, што му беше доволно за да ја освои новата титула најдобар во светот.
Возачот на Дукати ја освои седмата титула во најсилната класа, вкупно деветтата во кариерата, а со бројот на Moto GP титули се изедначи со познатиот Валентино Роси.
Над него е само Џакомо Агостини со осум титули и нема да биде никакво изненадување ако Маркез во следните години го надмине и овој успех.
Триумфот на Големата награда во Јапонија го забележа Франческо Бањаја на Дукати, а покрај Маркез, на подиумот беше и возачот на Репсол Хонда, Жоан Мир.
Reunited with @ducaticorse and the family 🙌 @marcmarquez93 #MoreThanANumber pic.twitter.com/g7h4dlhAm8
— MotoGP™🏁 (@MotoGP) September 28, 2025