Капитенот на Арсенал го повреди коленото – познато е колку време ќе отсуствува


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Норвежанецот се здоби со повреда на коленото во дуелот против Вест Хем и мораше порано да го напушти теренот. Одеогард беше принуден да ја напушти играта во 30-тата минута од натпреварот против Вест Хем, по судир со Крисенсио Самервил.

Оваа ситуација означи неславен рекорд за него – тој стана првиот играч во историјата на Премиер лигата кој во три последователни натпревари започнал како стартер, но бил изменет пред полувремето.

Порано ја напушти играта против Лидс и Нотингем Форест поради повреда на рамо.

Овој пат, проблемот е посериозен – станува збор за повреда на медијалниот колатерален лигамент на левото колено.

Норвешкиот фудбалер ќе остане во Лондон за време на репрезентативната пауза каде што ќе изврши дополнителни прегледи и третмани.

Од Арсенал потврдија дека Одеогард нема да патува со селекцијата на Норвешка.

„Мартин Одеогард беше повлечен од националниот тим на Норвешка откако се здоби со повреда на медијалниот колатерален лигамент на левото колено,” стои во соопштението на клубот.

„Мартин ќе продолжи со третманите и проценките во нашиот медицински центар во Лондон Колни за време на репрезентативната пауза, со цел што побрзо враќање на теренот.”

Оваа повреда дополнително ја комплицираше ситуацијата за Микел Артета, кој веќе се соочува со низа проблеми во тимот.

На листата на повредени се и Кај Хаверц, Габриел Жезус и Пјеро Хинкапи. Сепак, има и неколку добри вести за навивачите на Арсенал.

Деклан Рајс, кој исто така имаше проблеми со грбот за време на натпреварот против Вест Хем, сепак ќе се приклучи на репрезентацијата на Англија.

Англискиот играч за врска го постигна првиот гол во победата од 2:0, но при крајот на натпреварот мораше да го напушти теренот.

И покрај тоа, се очекува денес да се појави во кампот Сент Џорџ Парк и да биде подготвен за пријателскиот натпревар со Велс, како и квалификациониот меч против Латвија.