Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓
Карло Анчелоти е легенда на Лигата на шампионите и европскиот фудбал, но сега работи на друга страна од земјината топка.
Во разговор со италијански медиуми, тој беше прилично остар кон челниците на Лигата на шампиони и европскиот фудбал, сметајќи дека проширувањето на Лигата на шампиони влијаело на намалување на квалитетот во самото натпреварување.
„Гледајќи од другата страна на светот, Лигата на шампиони секогаш има исти фаворити. Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер сити и Баерн. Во овие неколку први кола, видовме натпревари со високи маргини. Сензационалните резултати нè натераа да го изгубиме интересот“, рече дон Карло.
Не го рече тоа, но се чини дека смета дека европскиот фудбал оди кон профит, а не кон квалитет.
„Оваа прва фаза беше проширена за да гледаме поинтересен фудбал, но не е баш така, се случи поинаку. Мораме да го прифатиме тоа”, рече Анчелоти.
















