Погледнете го забивањето поради кое Дончиќ доби „ново презиме“ (Видео)


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Лука Дончиќ одигра нова извонредна партија, а неговите Лос Анџелес Ленкерси ги совладаа Шарлот Хорнетсите со 121:111 на гостинскиот натпревар одигран во ноќта на вторник. Друштвените мрежи го издвојуваат моќното забивање на словенечкиот суперѕвезда на НБА лигата, а неговите Ленкерси го прекрстија поради тоа во Лука Данкчиќ, играјќи си со англискиот збор за забивање (dunk) и неговото презиме.

Акцијата од третиот период на натпреварот ги натера и хејтерските профили на друштвените мрежи да забележат дека Дончиќ “не изгледал подобро откако ја открил американската храна”, алудирајќи на коментарите за неговата прекумерна тежина.