Во кариерата заработи 50 милиони евра, но и понатаму живее со родителите


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Карлос Алкараз е прв тенисер во светот. Шпанецот е еден од предводниците на новата генерација која се појави по најголемата тројка – Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал. Во кариерата има 276 победи и 64 порази, освоил 24 турнири, од кои шест Гренд Слемови, и заработил 50 милиони евра од наградни фондови.

И покрај тоа што е богат, Алкараз сè уште живее со родителите. Во интервју за Мундо Депортиво, шпански новинар го прашал дали планира да се исели. „Во овој момент не. Многу сум среќен дома со семејството. Вистина е дека мојот постар брат Алваро веќе се исели. Имајќи предвид дека многу ретко сум дома, кога ќе се вратам сакам да бидам со семејството. Мајка ми вели дека ѝ недостасувам и сака да бидам дома“, рече Алкараз.

„Не знам да готвам, а мајка ми е фантастична готвачка, никој не е подобар од неа. Прекрасно е да се вратам дома, таму сум само Карлос, а не тенисер или светски број 1. Родителите во својот дом имаат правила, сакаат најдоброто за мене, и сè уште ми говорат да направам ова или она и да не се вратам предоцна дома. Кога не направам што требало, ми велат“, додаде шпанскиот тенисер.