Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓
Карло Анчелоти и Бразил наскоро би можеле да ја продолжат својата соработка до Светското првенство во 2030 година, беше потврдено денес.
Италијанецот во мај оваа година потпиша едногодишен договор, односно до крајот на Светското првенство 2026, но сега би можел да потпише нов договор.
Како што пренесуваат многу извори, Анчелоти и Бразил се во преговори за продолжување на соработката до следното Светско првенство во 2030 година, кое ќе се одржи во Саудиска Арабија.
Анчелоти досега го водеше Бразил во осум натпревари, има четири победи и по две нерешени и два порази.
Сепак, многумина ги земаат тие резултати со резервираност затоа што користеше дури 42 различни играчи, бидејќи ја изигрува екипата и бара идеална комбинација за Светското првенство.
Бразил се наоѓа во групата Ц, каде што се уште и Мароко, Хаити и Шкотска.
















