Џерард: Не сакам Слот да добие отказ, но ќе бидам брутално искрен


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


АРНЕ СЛОТ (47) блескаше минатата сезона како тренер на Ливерпул. Убедливо ја освои англиската титула и одлично ја отвори актуелната сезона. Сепак, крајот на септември донесе двомесечна криза за Ливерпул.

Актуелниот шампион падна во тој период на 12. место во Премиер лигата, а во Лигата на шампионите на својот терен доживеа дебакл од ПСВ. Поради тоа, холандскиот стручњак беше под огромен притисок. Сепак, Слот и Ливерпул се враќаат и во последните шест натпревари се без пораз, а ги победија последните три средби. Ливерпул сепак е само петти, со десет бодови заостанување зад водечкиот Арсенал.

Ситуацијата во Ливерпул ја коментираше Стивен Џерард (45), легенда на „Црвените“ која пред осум години ја почна тренерската кариера во тој клуб со водење на младинските категории. “Не сакам Арне Слот да добие отказ. Сакам да ја реши состојбата во која се наоѓа тимот и да го направи Ливерпул голем. Скачав по целиот град кога пролетоска беше освоена титулата. Но ќе бидам брутално, брутално искрен и ќе признам дека би скокнал да помогнам на Ливерпул на било која позиција и било кога”, изјави за ТНТ Спортс.

Џерард одлично ја започна својата тренерска кариера во сениорскиот фудбал. Тој го водеше Глазгов Ренџерс до титулата без пораз во 2021 година, но доби отказ од Астон Вила поради многу лоши резултати по само 11 месеци. Следниот ангажман го имаше во саудискиот Ал-Етифак од летото 2023 до почетокот на оваа година без успех. Од јануари е без работа.