До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дефанзивецот на француската фудбалска репрезентација, Лукас Ернандес и неговата партнерка се обвинети за трговија со луѓе, нелегално вработување и експлоатација на колумбиско семејство. Обвинителството во Версај истакнува дека петчлено колумбиско семејство работело без легален статус помеѓу септември 2024 и ноември 2025. Колумбијците, кои биле ангажирани за чување деца и како обезбедување, немале слободни денови, а понекогаш работеле и до 82 часа неделно.
Во изјава испратена до Ројтерс, Ернандес, одбранбен играч на Париз Сен Жермен и француската репрезентација, и неговата партнерка Викторија Триај ги отфрлија обвинувањата. “Го отворивме нашиот дом и нашите животи за луѓе кои се претставуваа како пријатели, кои бараа наша добрина и кон кои почувствувавме искрена наклонетост,” изјавија тие.
Двојката наведува дека биле манипулирани од емотивни приказни и лажни уверувања и дека никогаш не дејствувале со непочитување на законот. “Се однесувавме како човечки суштества и горко научивме дека сочувството може да биде искористено,” рекоа тие. Ернандес од јули 2023 е член на париското клуб, играше и за Баерн, како и Атлетико Мадрид. За француската репрезентација има 40 настапи.
















