До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Новак Ѓоковиќ го очекува четвртфиналниот меч на Австралија Опен против Лоренцо Музети, а организаторите сега ја одредија и сатницата за ова големо соочување и повторување на финалето од Атина.
Ова ќе биде 11-тиот пат Србинот и Италијанецот да се сретнат, и досега Новак само еднаш е поразен од Лоренцо, и тоа на земјена подлога во Монте Карло.
Италијанскиот претставник не успеа на тврда подлога да го победи Ѓоковиќ, но му зададе силни маки во борбата за трофејот во Атина пред неколку месеци. Сепак, Ноле тогаш ја освои титулата, а Музети размислува за нова шанса да го загрози најголемиот на сите времиња.
Организаторот на турнирот во Мелбурн одлучи Ѓоковиќ и Музети да излезат на Род Лејвер арената во среда не пред 04:30 часот по македонско време.
Многу е можно и да дојде до дополнително поместување, бидејќи тие двајца го играат третиот меч на главниот стадион.
















