До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Групната фаза на Лигата на шампиони донесе невидена драма и до последната секунда не знаевме кој оди понатаму. На крајот, Бенфика на најлудиот можен начин, со голот на својот голман Андреј Трубин во 98-а минута против Реал Мадрид за 4:2, сепак успеа да ја подобри својата гол разлика и да заврши над цртата, додека истовремено, “кралскиот клуб” испадна од најдобрите осум.
Тоа значи дека Реал Мадрид, како и “останалите смртници”, ќе мора да одигра една рунда повеќе во Лигата на шампиони и ќе се најде на ждрепката за шеснаесеттина финале, односно како што тоа го нарекува УЕФА – плејоф за осмина финале.
Во петок во Нион од 12 часот ќе се одржи ждрепката за плејофот за осмина финалето на Лигата на шампиони каде што ќе се најдат имињата на тимовите кои ја завршија групната фаза од деветто до 24-то место.

















