До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија, поднесе почетна документација до Европската фудбалска унија (УЕФА) за организација на финалето на Лигата на шампионите во 2029 година, соопшти денес каталонскиот клуб.
Во соопштението се наведува дека Барселона официјално изразила подготвеност, во соработка со градските и регионалните власти, и со одобрување на УЕФА и поддршка од Фудбалската федерација на Шпанија (RFEF), да учествува во почетната фаза на кандидатурата и да го предложи стадионот Камп Ноу за организација на финалето на ЛШ 2029.
Барселона наведе дека конечната кандидатура ќе биде формализирана почетокот на јуни 2026 година, до кога ќе биде поднесена сета потребна документација неопходна за добивање на домаќинството на финалето на ЛШ.
Да потсетиме, стадионот “Камп Ноу” беше неодамна реновиран, поради што и Барселона играше на заменава терен.
















