До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед го заврши својот победнички низ со резултат од 1-1 на гостување кај Вест Хем.
Низата од четири победи под привремениот тренер Мајкл Керик дојде до крај, а тоа многумина го искористија за да го прокоментираат вирусниот навивач на Манчестер Јунајтед, Франк Илет.
Илет, кој е познат на пошироката фудбалска јавност под прекарот The United Strand, во последните години стана едно од најпрепознатливите лица на навивачката сцена на Манчестер Јунајтед на социјалните мрежи. Пред 494 дена тој започна предизвик да не се шиша додека неговиот омилен клуб не оствари пет победи во низа, но тоа не се случи.
Јунајтед речиси го оствари тој подвиг, но Чекичарите ги сопреа, па мисјата на Илет продолжува. Тоа, изгледа, многу го изнервира клубската легенда Вејн Руни кој гостуваше кај тренерот Сам Алардаис во емисијата No Tippy Tappy Football.
‘Би го ставил на другата страна од државата, ме нервира! Зборуваме за Мајкл Керик и Манчестер Јунајтед кои одат по 5-та победа во низа и сите зборуваат за овој тип. Сè е за него и неговото шишање. Се кладвам дека би бил разочаран кога Манчестер Јунајтед би победил пет натпревари по ред, бидејќи тогаш одеднаш би станал ирелевантен.’
















