До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Контроверзната Ванда Нара се разведе од аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди по 11 години брак. Сè заврши во голем хаос и со обвинувања за неверство, а сега 39-годишничката се враќа во голем стил – со нов фудбалер во прегратките.
Ванда Нара повторно се потруди да биде во центарот на вниманието. 39-годишната Аргентинка објави вести кои сигурно нема да му се допаднат на нејзиниот поранешен сопруг, напаѓачот на Галатасарај Мауро Икарди.
Според турските медиуми, таа тврди дека е во врска со фудбалер на Фенербахче. Сè уште не сакаше да го открие неговото име.
„Вљубена сум во фудбалер кој игра за Фенербахче. Наскоро ќе го откријам неговото име“, пренесуваат турските медиуми зборовите на аргентинскиот модел.
















