До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
По тоа што аргентинскиот новинар Уго Баласоне синоќа ја пласираше вистинската бомба, утрото донесе ужасни вести за навивачите на Барселона.
Имено, новинарот од Аргентина синоќа ја пренесе веста дека Џулијан Алварез ќе стане нов играч на Барселона по Светското првенство.
Алварез, по две години поминати во Атлетико Мадрид, треба да го напушти овој клуб и да ја продолжи својата кариера на друго место.
Голем интерес за него покажаа два клуба, а покрај Барселона, тоа е актуелниот лидер во Премиерлигата, тимот на Арсенал.
Сепак, Баласоне синоќа отиде чекор понатаму и ја пренесе информацијата дека сè е завршено.
“Џулијан Алварез ќе стане нов играч на Барселона по Светското првенство.
Вредноста на трансферот ќе биде околу 70 милиони евра. Неговото време во Атлетико Мадрид е сè поблиску до крај,” тврди Аргентинецот.
Како причина за заминувањето наведува дека Алварез едноставно сака да игра во подобар тим каде може да освои повеќе трофеи.
Потврди и дека постоеше интерес од Англија, поточно од Арсенал, но самиот играч одлучи дека сака да игра за Барселона.
Имено, Санти Оваље донесе сосема различни информации.
“Барселона е информирана дека Атлетико Мадрид за Џулијан Алварез бара околу 200 милиони евра,” тврди Санти Оваље.
















