(ФОТО+ВИДЕО) Македонец настапи на ЗОИ со ликот на Свети Климент Охридски


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Канадскиот спортист со македонско потекло, Лука Стоикос привлече големо внимание со настапот на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Милано и Кортина.

Интересно е тоа што Стоикос се појави со маичка со ликот на Свети Климент Охридски, а претходно во интервју откри дека е горд на своето потекло.

„Роден сум во Канада, но моето македонско потекло е нешто на што сум многу горд. Чувствувам дека вака ја претставува и македонската заедница“, објасни Стоикос.