До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Спортскиот директор на Барселона Деко се сретна во понеделникот со менаџерите на англискиот фудбалер Маркус Рашфорд на преговори за потпишување на траен договор, пренесе денес шпанскиот Ас.
Рашфорд е член на Манчестер Јунајтед, а има договор за позајмица во Барселона до крајот на сезоната.
Шпанските медиуми наведуваат дека каталонскиот клуб се обидува да ја намали откупната клаузула од 26 милиони фунти (30 милиони евра) за Рашфорд, која е внесена во договорот за позајмица минатото лето.
Меѓутоа, Скај Спортс наведе дека раководството на клубот од Олд Трафорд не сака повторно да преговара за откупната клаузула за Рашфорд, кој повеќепати изјави дека сака да остане во Барселона.
Рашфорд (28) сезонава има одиграно 34 натпревари за Барселона во сите натпреварувања и постигнал 10 голови, така што е важен дел од каталонскиот состав.
















