До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Зинедин Зидан веќе пет години е без работа откако го напушти Реал Мадрид и одби многу понуди во претходните години. Сепак, синоќа пристигна повикот што толку долго го чекаше и сега е јасно дека францускиот стручњак повторно се враќа на сцената.
Зидан, по неверојатната фудбалска кариера, одлучи да влезе во тренерскиот свет, што беше вистински погодок за него.
Кариерата ја почна во Реал Мадрид каде што беше прво помошник на Карло Анчелоти, а откако го водеше резервниот тим на Кралевите во почетокот на 2016 година, доби шанса и во првиот тим што беше вистински потег.
Зидан на клупата на Реал Мадрид успеа да освои речиси сè што можеше и испиша историја пред да одлучи да го напушти клубот во летото 2021 година.
Зидан дури пет години чекаше да пристигне повик од Фудбалската федерација на Франција и тоа конечно се случи.
Le Parisien објави синоќа дека Зидан добил понуда да ја води репрезентацијата на Франција и дека договорот е постигнат, и дека тој ќе биде новиот селектор на Триколорите.
















