Голем проблем за Арсенал пред четвртфиналето на ЛШ

Фудбалерот на Арсенал Еберечи Езе поради повреда нема да игра од четири до шест недели, пренесе БиБиСи.

Езе ја доживеа повредата на листот минатата недела на натпреварот од Лигата на шампионите против Бајер Леверкузен.

Англискиот фудбалер оваа сезона на 43 натпревари во сите натпреварувања постигна девет голови и шест асистенции.

Арсенал е водечки на табелата во Премиер лигата со 70 бодови, а во Лигата на шампионите го очекува четвртфинална пресметка против Спортинг од Лисабон.