Барса има план Б и Ц, но го има и Рашфорд!


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Маркoс Рашфорд го има пред себе најважниот период од доаѓањето во Барселона.

Еден од капитени Рафињa ќе мора да паузира во наредниот месец и тоа е вистинска шанса Рашфорд да покаже дека заслужува да остане на “Камп ноу”. Очекувањата се дека ќе добие значително поголема минутажа во следниот период, кој нема да биде нималку лесен, бидејќи Барселона ќе одигра цели три натпревари против Атлетико Мадрид, а Рафинја потенцијално ќе го пропушти и полуфиналето на Лигата на шампионите против Арсенал или Спортинг.

Каталонските медиуми пишуваат дека ова е моментот за Маркос Рашфорд, по кој управата и спортскиот директор Деко ќе донесат конечна одлука за неговиот откуп. Најголемиот проблем всушност е од финансиска природа, бидејќи Барселона мора да плати 30.000.000 евра за неговата откупна клаузула, a освен тоа, платата на Рашфорд не е нималку мала.

Барселона поради тоа гледа алтернативни решенија, се споменува Андреас Шјелдеруп од Бенфика, кој има само 21 година, и со добрите настапи се најде на метата на многу клубови, вклучувајќи ја и Барселона. Друго име кое се споменува е полазникот на “Ла Масија” Јан Вирхили, кој минатото лето премина во Мајорка, каде што се истакна, а Барселона има право да го врати следното лето. Тој има само 19 години, е навистина талентиран и е најевтината опција ако Барселона реши поголем дел од парите да ги потроши на стопер и нов напаѓач.

Но, нема само Барселона план Б и Ц, туку ги има и Рашфорд. Наводно, за него уште се интересираат Пари Сен Жермен, но и Милан, кој во случај на вистинска понуда би го продал Рафаел Леао. Сепак, очигледно е дека Рашфорд би морал дури и овде да прифати значително помали примања отколку што имаше во Манчестер.