До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го влоши својот пласман за една позиција и на денес објавената АТП листа го зазема четвртото место.
Ѓоковиќ, кој одлучи да не учествува на неодамна завршениот мастерс во Мајами, е четвртиот тенисер во светот со 4.720 бодови.
Прв е се уште Шпанецот Карлос Алкарас со 13.590 бодови. На второто место со 12.400 бодови се наоѓа Италијанецот Јаник Синер, кој ја освои титулата на мастерсот во Мајами, додека третиот со 5.205 бодови е Германецот Александер Зверев, кој го престигна Ѓоковиќ на АТП листата.















