До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Марк Касадо (22), еден од најперспективните последни производи на славната Ла Масија и играчот кој многумина го гледаа како долгорочен наследник на Серхио Бускетс, може да ја напушти Барселона веќе ова лето.
Младиот играч за врска веќе дебитираше за шпанската репрезентација (два настапа), а со својот развој и игри привлече внимание на бројни европски клубови. Според достапните информации, Штутгарт, Галатасарај и Борусија Дортмунд веќе покажаа конкретен интерес, но се очекува дека листата на заинтересирани клубови наскоро ќе се прошири.
Касадо има договор со Барселона за уште две години, а неговата пазарна вредност се проценува на околу 20 милиони евра. Поради таа ситуација, клубот сериозно размислува за продажба, свесни дека сега би можеле да извлечат максимален финансиски бенефит.
Барселона во последно време не остварува значителни приходи од трансфери, па оваа потенцијална зделка се гледа како можност да се подобри финансиската слика. Не е исклучено ни дека трансферот би можел да достигне сума слична на таа за која Антоан Гризман го напушти клубот и се врати во Атлетико Мадрид (22 милиони евра), иако конкретни износи засега не се спомнуваат.
















