Охрид покажа заби, но Вардар го освои 18. трофеј во Купот


До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Ракометарите на Вардар го освоија 18-от трофеј во Купот на Македонија, откако во драматично финале славеа над Охрид со 24-23.

Средбата донесе голема борба и неизвесност до самиот крај. Вардар подобро го отвори натпреварот и по првите минути имаше водство од 4-1, но Охрид брзо се врати во игра и го одржуваше резултатот тесен во текот на целиот меч.

Во финишот клучна улога имаше голманот Валах, кој со неколку важни интервенции ја сочува предноста на „црвено-црните“. Вардар успеа да поведе со 24-22, а Охрид намали од седмерец преку Јасихура, но во последниот напад не искористи шанса за израмнување.

Најефикасен кај Вардар беше Малус со осум погодоци, додека Хориха постигна шест. Кај Охрид се истакнаа Ѓукиќ и Јасихура со по пет гола.