Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Пари Сен Жермен го совладаа Баерн со 5:4 во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, меч кој со златни букви ќе остане запишан во историјата на парискиот клуб, но и како најцрната точка во кариерата на легендарниот Мануел Нојер.
Иако самиот натпревар беше спектакуларен, со девет постигнати голови, светската јавност по завршувањето на мечот се фокусираше и на неверојатната и поразителна статистика на капитенот на Баварците.
Имено, Мануел Нојер стана првиот голман во последните 16 сезони на Лигата на шампионите кој примил пет или повеќе голови на еден натпревар од нокаут фазата, а притоа нема забележано ниту една одбрана!
Секој удар што го упатија фудбалерите на ПСЖ во рамките на голот на Баерн заврши зад грбот на германскиот чувар на мрежата. Таква статистика не се памети во елитното натпреварување од сезоната 2008/09, а особено е поразителна за човекот кој со години беше синоним за непобедливост на гол-линијата.













