Анри се плаши да зборува – дали судиите го чуваат Сити во борбата за титула?


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Легендарниот Тиери Анри како аналитичар секогаш го кажува она што го мисли, но овојпат одлучи да – премолчи.

Манчестер Сити го победи Брентфорд со резултат 3:0, но овој натпревар исто така е во фокус поради судиските одлуки. Анри смета дека Брентфорд требаше да добие барем еден пенал, но дипломатски зборуваше за тие ситуации.

„Го гледав тој екран и ги видов тие две ситуации со пеналите. Го видов туркањето на Бернардо Силва, по што остана на теренот со жолт картон. И морам да ви кажам, ако прозборам, ќе бидам во голем, голем проблем. Многу сум сериозен. Зашто, ако објаснам што видов со своите очи и како заврши натпреварот за Брентфорд, од утре нема повеќе да седам на оваа столица. Луѓето зборуваат за големи тимови и мали тимови, но играта мора да биде игра. Нема да изговорам што мислам. Нема да ја искористам таа збор. Но, сите видовме, вие видовте, јас видов. Ќе молчам, затоа што ако ја отворам устата и почнам да зборувам, ќе бидам во голем проблем“, рече Анри.