Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во дербито на Лондон, Вест Хем бараше бодови за опстанок, а Арсенал за титулата. На крајот, тимот од северен Лондон победи со 1:0 и дојде на мал чекор од титулата.
Арсенал во саботата гледаше како Манчестер Сити се приближува на два бода и беа во опасност дека Граѓаните ќе ги стигнат на табелата со победа против Кристал Палас в среда.
Меѓутоа, Арсенал денес успеа да го совлада Вест Хем како гостин во исклучително тежок натпревар и сега е блиску до титулата која се чека веќе 20 години.
Во 83. минута започна големото славје на Арсенал, кога Тросар со малку среќа ја испрати топката во мрежата на Вест Хем. Вистинска драма во судиското продолжение, кога Вилсон постигна гол, но потоа се започна VAR проверка која траеше цела вечност, за на крајот да биде и оправдано досуден фаул над Раја. Можно е дека оваа одлука на крајот го одреди првакот на Англија.
.VAR ГО ОСВОИ ЗА АРСЕНАЛ ЛИГАТА
— TopCee (@UtdTopCee) 10 мај 2026
VAR ГО ОСВОИ ЗА АРСЕНАЛ ЛИГАТА
VAR ГО ОСВОИ ЗА АРСЕНАЛ ЛИГАТА
VAR ГО ОСВОИ ЗА АРСЕНАЛ ЛИГАТА
VAR ГО ОСВОИ ЗА АРСЕНАЛ ЛИГАТА pic.twitter.com/QGjVODuIYw
















