Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Милан ја раздрма ситуацијата во италијанскиот фудбал со доведувањето на Гонзало Рамос, за многумина не е јасно од каде им стигнаа, со оглед на политиката на трошење во оваа деценија од кога Ред Брд е сопственик, 70 милиони за резервата на Парижаните. Но, на клупата пристигна Рубен Аморим кој храбро изјави дека целта е титулата и втората ѕвездичка на дресот (20. скудето).
Покрај португалскиот репрезентативец, завршија работа и со Шпанецот Гил од Лацио кого го зедоа пред носот на Наполи. Тоа не е сѐ, сега клубот сака да го убеди Лука Модриќ да одигра уште една сезона, а Аморим изјави дека Рафа Леао ќе биде клучот, иако се зборуваше дека најскапиот фудбалер на „Росонери“ може да биде продаден.
Сопственикот Кардинале најави офанзивен фудбал, тој и понатаму му верува на Златан Ибрахимовиќ кога станува збор за трансфери.
Што друго бара Милан?
Пред се, треквартиста, централниот среден играч. Прва мета е одличниот Артур Аза од Удинезе. Французинот вреди околу 40 милиони евра и за сега е во предност пред Алајбеговиќ, кој се врати во Леверкузен по одлична сезона во Салцбург. Него го препорача Ибра, а Милан го гледаше и Каресас, супер талентираниот Грк од Генк. Но, како што рековме, Ата кој одигра две добри сезони во Удине е прва мета, особено бидејќи нема да мора да се прилагодува на Серија А.
Од стоперите го следат и Гонзало Инасио од Спортинг, Антонио Силва од Бенфика, Вирџил ван Дајк е нереална опција за славниот клуб.
Нема да има големи промени во тимот, можат да заминат Ричи, евентуално Јашари кој беше скапо платен, Фулкруг се врати во Англија. Аморим, ако остане Леао, заедно со него и Нкунку ќе го комплетираат триото во нападот каде што Рамос е секако првиот избор.
Тој планира да му даде шанса на Чуквезе кој беше на позајмица во Фулам, но и на младите средни играчи Сисе и Комото. Како што рековме, потрошени се 100 милиони, не е готово, италијанските медиуми пишуваат дека уште 50 се подготвени и дека тоа не се однесува на евентуалните продажби.















