Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалскиот клуб Вардар и шефот на стручниот штаб Кристијан Фабијани постигнаа спогодбен договор за раскин на соработката, потврди скопскиот клуб.
Одлуката стапува во сила веднаш, што значи дека Фабијани повеќе нема да го предводи тимот од клупата.
Фабијани пристигна во Вардар со задача да го предводи тимот и да придонесе во остварувањето на амбициите на клубот, но двете страни сепак одлучија да ја прекинат соработката по поразот од Шкендија.
















